Загина 63-годишен градежен работник од Куманово

01.03.2024 15:58 | KumanovoNews

Во Градската општа болница „8 Септември“ вчера околу пладне со тешки телесни повреди бил донесен Ч.В.(63) од Куманово. Повредениот работник околу 22.00 часот починал.

Загина 63-годишен градежен работник од Куманово

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на подрачјето на Чаир. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

(фото.архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk