Загина директорот на Домот на култура

28.11.2015 09:55 | KumanovoNews

Роби П.(40) од Куманово, директор на Центарот за култура во Куманово, загина утринава во страотна сообраќајна несреќа што се случи на булеварот Трета МУБ во Куманово.

Загина директорот на Домот на култура

Според МВР, со него во возилото биле уште четири жени, при што И.М.(26) и И.Б.(29) се здобиле со сериозни повреди и итно се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, додека Ц.В.(40) и М.М.(34) се задржани на лекување во Кумановската болница.

Сообраќајката се случила ноќеска  1 часот по полноќ, кога возило цубару импреза, со кумановски регистарски таблички, кое го управувал Роби, од непознати прилини излетало од патот и удрило во бетонски ѕид, пред поранешниот Дом на АРМ.

Возачот се здобил со фатални повреди и починал на лице место.

Увид на лице место извршиле екипи на ОЈО и СВР Куманово, по што ќе се утврдат причините на несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk