Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и едногодишен градежен работник од кумановско, загина вчера откако паднал од кров на куќа каде работел. Несреќата се случила околу 15 часот во кумановската населба „Перо Чичо“.
„Во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во населбата Перо Чичо, извршувајќи градежни работи на кровот од куќата, паднал М.К.(51) од село Облавце, општина Старо Нагоричане и починал на местото. Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција“, соопштуваат од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk