Загина градежен работник, врз него паднала плоча

08.06.2018 13:07 | KumanovoNews

Градежен работник го изгуби животот додека работел на изградба на приватна куќа на ул. „Никола Спасиќ“ во Куманово.

Загина градежен работник, врз него паднала плоча

Несреќата се случила утринава во 9 часот, кога врз С.Д. (64) од с.Тромеѓа, кумановско, паднала плоча.

Повредениот човек со возило на Итна помош е пренесен во Кумановската болница, а потоа во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk