Загина моторџија во населбата Карпош

06.04.2010 09:37 | KumanovoNews

 На магистралниот пат Куманова- Крива Паланка во населбата Карпош синоќа во тешка сообраќајна несреќа, животот го загуби едно лице.

Загина моторџија во населбата Карпош

 Околу 20 часот во близина на Бензинската пумпа „Луксоил„, при судир на автомобил и моторцикл, возачот на моторот се здобил со тешки повреди и починал.  

Според СВР Куманово  до несреќата  дошло  во судир меѓу автомобил “опел вектра“ управуван од 20-годишниот С.С. и мотор “дукати“ што го возел Слаѓан Петковски (40) од Куманово. Моторџијата возел зад автомобилот и  кога се обидел да го претекне не забележал дека автомобилот се подготвува да се исклучи од автопатот кон населбата Карпош.

Со голема брзина, моторот удрил во автомобилот и се превртел. Петковски поради тешките повреди починал на самото место на несреќата

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk