Загина работник од Куманово, со багер паднал во провалија

16.07.2022 17:51 | Сузана Николиќ

Работник од Куманово вчера починал откако со машината на која работел паднал во провалија. 

Загина работник од Куманово, со багер паднал во провалија

Несреќата се случила околу 11 часот во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка“, кога С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот.

Од страна на лекар констатирана била смрт. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk