Загина сопатник на мопед

17.08.2015 12:14 | KumanovoNews

 Горан С.(42) од Свети Николе, совозач на мопед, загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе-Овче Поле, на крстосницата за селото Пеширово, откако во него удрило пежо со кумановски регистарски табличка.

Загина сопатник на мопед

Несреќата се случила во 20.20 часот, додека возачот на автомобилот С.С.(51) удрил во мопедот „Кивеј Фокус“, при што совозачот починал на лице место, а возачот С.Ѓ.(38) се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во МЦ-Штип тој е префрлен во Ургентниот Центар во Скопје. Од страна на ПС Свети Николе извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk