Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице загина а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа, која синоќа се случи во населбата Добрoшане.
Животот го изгубил Горан Д.(55) од Куманово, возач на автомобил опел кадет, кој од непознати причини удрил во паркирани возила.
Сообраќајката е предизвикана во 22.30 часот, додека Горан и неговите сопатници се движел од Свети Николе кон Куманово. Во еден момент, од непознати причини, возилото поминало на другата коловозна лента и удрило во автомобили паркирани покрај патот, кај ресторанот Палас.
На лице место починал Горан, додека неговите браќа: С.Д.(53) поради тешките телесни повреди префрлен е на лекување во Клиничкиот центар Скопје, а Н.Д.(36) се здобил со полесни повреди.
Увид извршила полицско-судска екипа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk