Загина вработен во каменолом - со камион паднал во ископ

03.07.2020 09:43 | KumanovoNews

Вработен во каменолом со својот камион паднал во ископ и загинал на лице место. Несреќата се случила синоќа во 20.50 часот.

Загина вработен во каменолом - со камион паднал во ископ

Во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ.

Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk