Загрозените жени со обуки стануваат поконкуретни

10.04.2013 13:55 | KumanovoNews

 32 жени посетуваа обука, кои ќе им овозможат полесно да најдат работа.

Загрозените жени со обуки стануваат поконкуретни

Дел од жените се жртви на насилство, а другите се од социјално загрозени семејства и целта е да им се овозможи економско зајакнување.

 Не се само жени, туку има и деца. Жените се во две групи од што 16 члена, тие се директни корисници. Имаме една едукативна тренинг група која што ги обучува и младите, и тие се вклучени. Тие се 17 и за нив е од затворен тип обуката, а од мај планираме проектот да биде отворен за сите граѓани во Куманово. Имаме група од невладин сектор, од бизнис сектор и на тој начин сакаме да им помогнеме на овие лица. Партнери ни се Агенција за вработување и Центар за социјални работи - вели Соња Арсовска, застапник на СОС линија за жртви на насилство.

Проектот е поддржан од Владата, а го спроведуваат СОС, заедно со невладините Тоска и Фибула.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk