Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Локалниот клуб на СДММ е задоволен од однесувањето на младите во предизборната кампања за претседателските избори.
Сакаме да напоменеме дека првиот дел од кампањата помина во фер и демократска атмосфера, односно подмладоците на сите политички партии ја испочитувааа декларацијата која беше потпишана на 21 март на локално ниво. Да излезат на гласање и да си го искористат своето право на глас, за да не биде злоупотребено истото,- изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ.
Тој се надеваат дека и вториот дел од кампањата ќе помине во позитивна атмосфера.
Младите денеска делеа флаери за нивниот кандидат Стево Пендаровски во центарот на градот и ги повикаа граѓаните во недела да гласаат за него.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk