Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На обвинувањата од Коалицијата За подобра Македонија, за недоделувањето на Ноемвриска награда, одговори претседателката на Комисијата за доделување награди и признанија, Снежана Захариева, која вели дека сите предлози биле квалитетни, па не можеле да се одлучат за еден добитник.
Сите кандидатури беа добри со своите достигнувања, и лични и луѓе што дале придонес за градот, но ќе беше неблагодарно да издвоевме еден или двајца, а другите да ги ставиме во подредена положба. Паричните средства ги доделивме на лицата кои во вистинска смисла на зборот се борци, бидејќи целиот свој живот се борат за своите права и свое место под сонцето, а тоа се лицата со попреченост - вели Захариева.
Таа додава дека обвинувањата од нивните политички противници биле очекувани.
Годинава првпат по 30 години нема да се додели Ноемвриската награда за која пристигнаа 7 предлози.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk