Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kон семејството на градоначалникот Зоран Дамјановски, синоќа беа упатени навредливи пораки и закани, од митингот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„ во Куманово.
Предраг Петрушевски, претседател на Здружението бранители, кој беше предводник на маршот и пееше патриотски песни, при крајот на собирот пред насобраните луѓе пред Општината Куманово ја запеа песната „Излези момче„ но по негов тект:
„Излези Зоки право на тераса, погледај ја во очи македонската раса, тргни се горе пошто не ти личи, некој фамилију ќе ти гу спичи„.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, вели дека усмено го известил началникот на Кумановската полиција Моме Јакимовски, дека има закана по безбедноста на неговото семејство и говор на омраза во обраќањата на учесниците на синоќешниот марш, но смета дека тоа е хистерија и безобразлук на поединци, кои овие комплицирани политички услови во Македонија ги користат да го изразат својот однос кон општеството.
„Со такви закани се создава бариера и интеретнички судир, со што полека но сигурно влегуваме во поделба на македонското национално ткиво, а тоа е предвесник и на меѓуетничките односи. Индивидуалните испади на поедини хулигани нема да ги коментирам. Јас сум секогаш тука, не се плашам одам секогаш сам низ Куманово, подготвен сум на секакви провокации од луѓе кои немаат никаков интегритет.Јас ги подржувам протестите како демократска придобивка и тоа е начин на изразување на незадоволството за да се решаваат работите, но заканите по безбедноста по животот на поединци излегуваат од тие рамки, - изјави Дамјановски.
Тој рече дека нема да поднесе тужба против Петрушевски, бидејќи не верува во правниот систем на државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk