Законот за еднакви можности споро се имплементира

08.10.2016 08:51 | KumanovoNews

„Дoсегашни ефекти oд закoнoт за еднакви мoжнoсти пoмеѓу мажите и жените на локално ниво“, беше темата на која вчера се расправаше на трибина што ја организираше Центарот за рурален развој Бујрум во соработка со УНДП.

Законот за еднакви можности споро се имплементира

Целта на трибината беше да се запознаа учесниците со Законот за еднакви можности за мажите и жените, кој треба да овозможи воспоставување и спроведување на принципот на еднакви можности на жените и мажите во политичката, економската, социјалната, образовната, културната, здравствената, граѓанската и било која друга област од општествениот живот.

 „Законот е перфектно напишан на хартија, но во пракса неговата имплементија оди многу споро. Има многу причини, а една од главните е свеста кај луѓето поради што на повисоките позиции во државата и општината се претежно мажи. Наспроти тоа во образованието и градинските има повеќе жени. Решението е да се работи на проблемот, а не да се игнорира. Треба да се бориме за еднаквост и имплементација на законот и вклучување на повеќе жени во јавниот живот “- изјави Александра Тасиќ, координатор на проектот и претседателка на Бујрум.

На трибината присуствуваа претставници од Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените во општината Куманово, политички партии и невладини организации. Беа отворени и други прашања, учесниците дадоа свои идеи како да се имплементира и промовира законот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk