Законот за родова еднаквост третира еднакви можности на жените и мажите, а не менувањето на полот и истополовите бракови, вели министерката Тренчевска

29.06.2023 13:55 | Сузана Николиќ

Предлог Законот за родова еднаквост третира еднакви можности на жените и мажите и ја унапредува положбата на жените во сите сфери во општеството, кажа министерката Тренчевска. 

Законот за родова еднаквост третира еднакви можности на жените и мажите, а не менувањето на полот и истополовите бракови, вели министерката Тренчевска

"Со овој закон ниту се третира менувањето на полот, ниту пак, истополовите бракови, туку се бави со унапредување на положбата на жените, како и еднаквите можности на мажите и жените во општеството. Воспоставување на еднаквост, создавање на видливост на жената во општеството е единствената намера на креаторите на овој закон,“ потенцираше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Министерката истакна дека Предлог Законот за родова еднаквост сè уште е во консултативен процес и не е влезен ниту во владина процедура. Притоа додаде и дека, процесот ќе продолжи со цел да бидат слушнати сите чинители во општеството.

Министерката појасни дека  родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост.

„Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет. Тие се дефинирани согласно постојната законска регулатива во државата и согласно она што државата го презела како обврска од Истанбулската конвенција,“ додаде Тренчевска.

Министерката денеска оддржа брифинг на кој кажа дека Предлог Законот за матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост се два различни закона кои третираат различна проблематика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk