Заменик министерот за внатрешни работи Исени во посета на СВР Куманово и Матејче

12.06.2025 15:11 | KumanovoNews

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени денеска во рамки на своите работни активности, го посети Секторот за внатрешни работи во Куманово и Полициското одделение Матејче, каде што од раководството беше запознаен со активностите кои се преземаат на територијата на Куманово.

Заменик министерот за внатрешни работи Исени во посета на СВР Куманово и Матејче

„На средбата беше потенцирано дека безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Куманово е стабилна. Исто така, се разговараше и за тековните активности, движењето на криминалитетот, одржувањето на јавниот ред и мир и предизвиците со кои се соочува овој сектор од аспект на недостаток на материјално-технички средства и недоволна пополнетост со човечки ресурси. Од страна на заменик министерот за внатрешни работи Исени беше истакнато дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за подобрување на капацитетите на СВР Куманово согласно потребите на секторот“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk