Заменик-шефот на мисијата на Американската амбасада, Ерик Мејер во посета на Куманово

11.07.2022 20:19 | Сузана Николиќ

Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, шефот на политичко-економската канцеларија Кристофер Зимер, политичкиот советник Рејчел Калинс и Кристина Каранакова политички аналитичар во американската амбасада, денеска присуствувале на состанок на Локалниот совет за превенција(ЛСП) и Акцискиот тим во заедницата за превенција и спречување на насилен екстремизам, кој се одржал во Општина Куманово. 

Заменик-шефот на мисијата на Американската амбасада, Ерик Мејер во посета на Куманово

На средбата биле и претседателката на Советот, претставници од Центар за социјални работи, Народен
правобранител, претставници од НВО секторот, СВР Куманово и општинската администрација.

Како што соопштуваат од Општина Куманово, се разговарало за активностите и проектите кои ги има реализирано Акцискиот тим во заедницата во поглед на превенција и спречување на насилен екстремизам во изминатиот период.

„Беа разгледани идните планови и активности кои би можеле да бидат спроведени, како и можностите за продлабочување на соработката и унапредување на односите помеѓу заедниците“, соопштуваат од Општината.

Претставниците на Амбасадата на САД ги поздравиле активностите на Локалниот совет за превенција и Акцискиот тим во заедницата и ја истакнале поддршка во превенција и спречување на насилен
екстремизам.

Пред состанокот гостите се сретнале со градоначалникот, при што разговарале за повеќе актуелни теми од локален и национален карактер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk