Заменските наставници собираат потписи за решавање на нивниот статус

30.01.2015 13:05 | KumanovoNews

Дел од заменските наставници, денеска се собраа пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, и собираа потписи од нивни колеги, со барање да им се реши статусот.

Заменските наставници собираат потписи за решавање на нивниот статус

Тие велат дека нивниот статус е недефиниран и не знаат дали се вработени или невработени. Најавија дека и утре од 10 до 12 часот на истата локација ќе собираат потписи од наставници, а поддршка можат да им дадат и граѓаните. Собраните потписи ќе ги достават до надлежните.

 Заменските наставници не дозволија новинарите да ги сликаат, ниту пак сакаа да се открие нивниот идентитет во јавноста.

                                                                        (фото: вести.мк)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk