Изгореа автобуска постојка, автомобил и жито

10.07.2023 08:59 | Сузана Николиќ

Пожарникарите на Куманово и Старо Нагоричане имале три интервенции во изминатото деноноќие.

Изгореа автобуска постојка, автомобил и жито

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК),  во Куманово имало два пожари.  

„ТППЕ Куманово преку ноќта интервенирала на ул. 11 Октомври  од 00:45 до 00:11 часот со 1 возило и 3 пожарникари на запалена автобуска постројка. Втората е на запален автомобил на ул.Бајрам Шабани бр.160, интервенирано е од 01:25 до 01:45часот со
едно возило и четири пожарникари“, соопштува РЦУК.

ТППЕ Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден од 10:40 до 11:30 часот во с.Младо Нагоричане кај м.в. мала Поганци гаснеле запалени житни култури со површина од околу 2,5 декари, интервенирано е со едно возило и 3 пожарникари.

Причина за пожарите и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk