Запалена трева во Доброшане и стрниште во Ваксинце

09.07.2015 08:45 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два пожари, еден во населба Доброшане и еден во липковското село Ваксинце.

Запалена трева во Доброшане и стрниште во Ваксинце

Сува трева со површина од 0.1 хектари гореше во Доброшане, при што Територијалната противпожарна единица Куманово со едно возило и 4 пожарникари го локализираше пожарот во 13.30 часот. Во пожарот не е причинета материјална штета.

Во вториот случај запалено било стрниште со површина од 0.15 хектари во Ваксинце. Во 15.15 часот со едно возило и 4 пожарникари, огнот е ставен под контрола.

Во извештајот од РЦУК стои дека и двата пожари се предизвикани од човечки фактор, и не е предизвикана материјална штета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk