Запалени 11 автомобили во Куманово

13.10.2015 08:29 | KumanovoNews

По полноќ во Куманово се запалени 11 возила на три локации, кај локалитет Палас, спроти поштата и кај болницата.

Запалени 11 автомобили во Куманово

Неофицијално делото го извршил еден сторител и тој е приведен. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот од МВР. Граѓаните кои живеат или работат во близина се загрижени за безбедноста.

Пред половина час слушнав дека биле запалени автомобили. Луѓето се собраа и ги гледаа оштетените возила. Оваа работа не е добра и нема причина воопшто да се врзува со политика“ - вели граѓанин.

Кумановци бараат расчистување на случајот од надлежните.

Полицијата да го пронајде сторителот и да го казни. Не е во ред да се случуваат вакви работи. Згрозени сме - рече В.М. граѓанка.

Останатите граѓани велат дека не се работи за напад на одредена етничка група, бидејќи се запалени возила на повеќе локации каде живеат луѓе од различни етникуми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk