Запалени четири контејнери за отпад во Куманово

21.10.2024 08:59 | KumanovoNews

Вкупно четири контејнери вчера се целосно оштетини, откако биле запалени на две локации во Куманово, во населбата Бавчи и во селото Горно Којнаре.

Запалени четири контејнери за отпад во Куманово

Од Територијалната противпожарна служба Куманово вчера интервенирале на три пожари. Гаснеле три контенјери и напуштена гаража под пругата лоцирани на Христијан Тодоровски Карпош место викано Бавчи, во периодот од 08:50 до 09:30 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари.

„Во селото Горно Којнаре исто така е интервенирано на запален контејнер од 13:00 до 13:45 часот. Третата интервенција била во с.Романовце на запалено ѓубре од 16:15 до 17:10 часот“, соопшти РЦУК.

Граѓаните реагираат дека со неконтролирано палење на отпад се загадува воздухот, па граѓаните не можат прозор да отворат ниту да излезат од своите домови. Особено е алармантно за жителите покрај булеварот „Октомвриска револуција“. Тие бараат надлежните инспекциски служби  да излезат на терен и да си ја вршат работата за која се платени, да ги откријат прекршителите на законот и да ги казнат.  Станарите од зградите се сведоци дека секој ден наутро и попладне, на исто место се палат кабли и се шири чад која ја обиткува целата населба. Со почетокот на грејната сезона, состојбата ќе биде уште полоша.

(Фото. Кумановска Горила)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk