Запалени стрништа во Иго Тричковиќ и на Никуљски пат

25.08.2015 08:48 | KumanovoNews

Територијалната противпожарна единица Куманово вчера гаснеше запалени стрништа во Иго Тричковиќ и на Никуљски пат, како и сува трева на улица “Доне Божинов“.

Запалени стрништа во Иго Тричковиќ и на Никуљски пат

Интервенцијата во населба Иго Тричковиќ на запалено стрниште е во периодот од 12.25 до ­13.20 часот со 1 возило и 3 пожарникари.

Втората интервенција е на запалено стрниште и сува трева на Никуљски пат, во периодот од 12.40­ до 17 часот, со две возила и 6 пожарникари.

Третата интервенција е на улица „Доне Божинов“ на опожарена сува трева од 14. 40 до ­15.05 часот. Во гаснењето учествувале 1 возило и 3 пожарникари. ­

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk