Запишани над 1200 првачиња во Куманово

12.06.2015 08:24 | KumanovoNews

Во мај во основните училишта во општина Куманово се запишани 1288 првачиња, потврдуваат од секторот за образование.

Запишани над 1200 првачиња во Куманово

Од таму објаснуваат дека има благо намалување на бројот на деца, но уписите не се конечно завршени и се очекува да бидат запишани уште првачиња во август.

Во општина Липково се досега се запишани 300 првачиња.

“Бројката е за 15 деца помала од лани, но очекуваме уште деца да бидат запишани. Селата Матејче и Слупчане имаат најмногу првачиња и тоа по 70-80. Во другите села како Опае, Лојане, Ваксинце има по 40-50 првачиња“ - вели Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.

Во училиштата во општина Старо Нагоричане се запишале 33 првачиња, и се очекува упис на уште деца. За разлика од лани, дел од овие училишта имаат тенденција на зголемување на бројот на деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk