Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце во патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин пронајдена е поголема количина на златен накит.
При преглед на возилото, во багажниот простор од возилото во мала шарена кесичка за накит и тоалетен несесер сместени во црно пластично ќесе во просторот наменет за чување на помошен прибор, пронајден е златен накит, женски алки, прстени, ѓердани и брошови тешки 440 грама и 8 употребувани машки и женски рачни часовници.
Пријавениот се обидел да пренесе стока без да ја пријави, во вредност од околу еден милион денари.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а судијата на претходна постапка му изрече мерка претпазливост одземање на патната исправа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk