Запленета козметика на Табановце

11.04.2017 07:42 | KumanovoNews

Мобилните царински тимови на граничниот премин Табановце откриле шверц на поголема количина на декоративна козметика.

Запленета козметика на Табановце

Во автомобил со бугарски регистарски таблички биле пронајдени 1.005 парчиња козметички производи: моливи за усни, кармини, маскари, сенки за очи и пудри за лице, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце-автопат.  Козметичките производи биле сместени во 4 картонски кутии, сокриени во багажникот на возилото.  Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk