Запленета поголема количина брендирана стока без документација, приведено едно лице

03.08.2025 13:40 | KumanovoNews

Приведен е жител на Крива Паланка, затоа што кај него се пронајдени шверцувани брендирани производи. 

 

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, приведено едно лице

„На наплатната рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово, зевчера кол 20 часот, полициски службеници од Мобилната единица, го привеле Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk