Запленети 243 килограми режан тутун

13.07.2016 15:04 | KumanovoNews

На патниот правец Скопје – Куманово, минатата среда, при вршење на внатрешна контрола, инспекторите од Одделението за истраги на Царинска управа, пронашле поголема количина на режан тутун во комби.

Запленети 243 килограми режан тутун

„При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал никаква документација. Вкупната количина на пронајдениот режан тутун изнесува 243 килограми. Избегнатите давачки по основ на неплатена акциза и други давачки изнесуваат 503.687 денари. За одземената стока лицето не приложи соодветен документ со што истата е пуштена во слободен промет без да бидат платени царинските и други давачки. Согласно закон стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети, а Царинската управа пртотив сторителот поднесе соодветна пријава“, се вели во известувањето од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk