Запленети 47 кила режан тутун на Табановце

23.03.2015 15:31 | KumanovoNews

Вкупно 47 пакувања со 46,5 килограми режан тутун,  се откриени минатата недела на граничниот премин Табановце автопат.

Запленети 47 кила режан тутун на Табановце

Мобилните царински тимови го нашле тутунот при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, а пријавен за излез од државата. Непријавениот тутун бил сокриен во багажниот простор, во делот за резервната гума и под патосницата кај совозачкото седиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk