Запленети 5470 парчиња петарди

28.01.2014 11:39 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово, полицијата запленила вкупно 5470 парчиња петарди од четворица продавачи.

Запленети 5470 парчиња петарди

На импровизирани тезги на Градскиот плоштад пред Нова година кај С.С.(21) се пронајдени 132 петарди, Ш.С.(31) поседувал 733 петарди, С.М.(41) само 101 петарда  и И.М.(21) 4.504 петарди. Сите четворица тврдела дека петардите ги набавиле од непознати лица од Скопје.

Против продавачите на петарди се поднесени кривични пријави за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk