Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.М.(35) од Куманово за сторено кривично дело повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.
Полицајци при извршена контрола на тезгите на зелениот пазар, нашле за продажба 17 женски чанти произведени од непознато лице, а означени со логото МК и Mајкл Корс, носител на правото на заштита на трговска марка и индустриски дизајн. Чантите ги продавал Ш.И. (28) од Куманово, кој кажал дека ги купил од пријавениот Р.М.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk