Запленети цигари на Табановце

13.12.2012 13:39 | KumanovoNews

  15 штеки цигари марка Pristige без контролни маркици, откриени се на граничниот премин Табановце-автопат.

Запленети цигари на Табановце

Цариниците ги пронашле цигарите при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој како патник во автобус се пријавил за излез од државата.

Шврецуваната стока е одземена, а против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk