Запленети девизи од грчки државјанин на Табановце

26.08.2014 09:07 | KumanovoNews

На граничен премин Табановце запленети се девизи од грчки државјанин.

Запленети девизи од грчки државјанин на Табановце

Најдени се 6.650 евра при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи автомобил со германски регистарски таблички, се пријавил за излез од државата. Во рачна торбичка на возачот, пронајдени се 11.650 евра, додека во џеб од неговата облека пронајдени се уште 5.000 евра, за кои не поседувал потврда за внесување на готови пари издадена од царинските органи на Република Македонија. На патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk