Започна академската година во „Еуро Колеџ“ Куманово

01.10.2025 14:32 | KumanovoNews

Студентите на „Еуро Колеџ“ од Куманово денеска ја започнаа академската година.

Започна академската година во „Еуро Колеџ“ Куманово

На првиот час им се обрати  деканот професор д-р Љубиша Петрушевски, кои им посака многу успех на нивните студии. 

За учебната 2025/2026 академска година запишани се повеќе од 100 студенти.  Уписите траат до средината на октомври. Паралелно течат и уписите и на Лондон Метрополитен Универитетот кад наставата започнува на 20 октомври.

Студентите можат да се запишат на насоката за бизнис администрација на Еуро Колеџ како и на сајбер безбедност, музички бизнис и бизнис администрација по програмата на Лондон Метрополитен Универзитетот.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk