Започна аплицирањето за субенционирање на вода

06.06.2012 09:31 | KumanovoNews

 Стечајците и социјалците за да го искористат правото на субвенционирање на сметките за вода од буџетот на Општината треба да поднесат документи во ЈП“ Водовод“.

Започна аплицирањето за субенционирање на вода

Барањата ќе се поднесуваат во салата за инкасатори секој ден од 10 до 14 часот најдоцна до 22 јуни. При тоа треба да достават и лична карта, последен чек како потврда за примена парична помош и сметка за вода.

Со одлука на Советот на Општина Куманово е решено на овие луѓе да им се плаќаат сметки за вода во висина од 900 денари. Се што е над оваа дозволена сума, граѓаните ќе мора сами да си доплатат. Според проценките право на ваквата помош имаат 1500 граѓани, но на нив останува должноста да се пријават во предвидениот рок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk