Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка, започна со спроведување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална патна мрежа во Крива Паланка.
Вчера е асфалтирана улицата „Јоаким Крчовски“ со вкупната должина од 500 метри и просечна широчина од 3.5 до 4 метри. Финасиските средства во висина од 2 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка.
„Со поставување на асфалт на оваа улица ќе се реши еден голем проблем што го чувствуваа нејзините жители, особено по врнежите од дожд и снег“, соопштуваат од Општината.
Во наредните денови ќе се изврши и санирање и крепење на ударните дупки на главната и споредните улици во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk