Започна екстерното тестирање

02.06.2014 07:51 | KumanovoNews

Учениците од четврто до осмо одделение во основните училишта и од прва до трета 3 година во средното образование од денеска ќе ги полагаат екстерните тестови.

Започна екстерното тестирање

Тестирањето започна во 9.30 часот и учениците имаат 1 час за да одговорат 30 прашања.

- Во нашето училиште засега нема никакви технички проблеми. Ќе видиме како ќе се одвива тестирањето до крајот на денот. Се тестираат учениците по сите предмети освен три, а тоа се физичко, ликовно и музичко образование. Прашањата се од материјалот кој се учеше цела година - вели Горан Петровски, координатор за екстерно тестирање во “Крсте Мисирков“.

Екстерното тестирање го набљудуваат просветни инспектори и претставници од Министерство за образование, а оценките од екстерно ќе влезат во сведителствата на учениците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk