Започна екстерното тестирање за 1414 матуранти во Куманово

30.01.2017 12:56 | KumanovoNews

Без проблеми поминал првиот ден од екстерното тестирање на матурантите во средните училишта во Куманово.

Започна екстерното тестирање за 1414 матуранти во Куманово

Според информациите од Секторот за образование, тестот го полагале 1412 ученика од вкупно 1414 матуранти, кои оваа година завршуваат средно образование.

„Во Земјоделското училиште полагале 121 матурант, во гимназијата „Гоце Делчев“ 281, во Техничкото училиште 479 ученика на македонски и албански јазик, во Економското училиште 281 на македонски и албански јазик и во гимназијата „Сами Фрашери“ 258 матуранти„, - изјави Жико Крстевски, раководител во Секторот за образование.

Полагањето го следат претсавници од Државниот просветен инспекторат.

Екстерното тестирање за матурантите ќе се спроведува до 3-ти февруари. Опфатени се 18.600 матуранти на ниво на државата, a промената во датумот на одржувањето на тестирањата е поради одлуката на МОН за продолжување на зимскиот распуст.

Резултатите ќе бидат објавени на 7 февруари.

                                                                                      (фото.архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk