Започна фестивалот на новиот германски филм во Куманово

14.10.2015 09:04 | KumanovoNews

Во Младинскиот културен центар „Козјак“ синоќа беше отворен 11- от фестивал на нов германски филм.

Започна фестивалот на новиот германски филм во Куманово

Фестивалот го организираат „Козјак“, Про кредит банка и германската амбасада, а во наредните денови кумановци ќе можат да погледнат 6 филмови од најновата германска продукција. Фестивалот го отворија германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Прв на репертоарот беше филмот “Роден во болка“.

Ви благодарам за големиот интерес за германскиот филм, а со тоа и германската култура. Би не радувало доколку имаме можност да ве поздравиме и на другите проекции. Филмовите во програма покриваат широк спектар на теми. Може да се види дел од историјата на Германија, предизвиците на мултикултурното општество, како и на сајбер просторот. Со двата детски филма нема да им останеме должни ниту на нашите најмлади гости - кажа амбасадорката.

Дамјановски рече дека овој фестивал се вклопува во програмата за одбележување на 11 октомври- Денот  на народното востание.

Сакам да истакнам дека 11-ти по ред фестивал на овие простори нешто што значи зближување и запознавање на една од водечките земји во филмската индустрија во европската заедница, затоа што од оваа земја потекнуваат многу добри режисери и дадоа придонес во авангардата на модерната филмска уметност. Уживајте во оваа претстава и благодарам на германската амбасада за напорите кои ги чини за приближување на културолошките сознанија и онаа што го прави за пред се рекламирање на граѓанското општество на РМ - изјави Дамјановски.

До 17 октомври во Куманово ќе играат филмовите “Феникс“, “Хакери“, “Лола на грашокот“, “Спасете го Рафи“ и “300 збора германски“. Денеска фестивалот ќе стартува во главниот град. Фестивалот оваа година ќе гостува во десет градови низ Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk