Започна исплата на социјална помош за месец август

02.09.2020 08:18 | KumanovoNews

Oд денеска започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.

Започна исплата на социјална помош за месец август

Министерството за труд и социјална политика информира дека ќе се исплаќа: гарантиран детски додаток,посебен додаток за месец 9.2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток, образовен додаток – студирање, гарантирана минимална помош ГМП, социјална парична помош-ретроактивна исплата, постојана парична помош-ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална сигурност-социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

- 2 септември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

- 3 септември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

- 4 септември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 септември 2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk