Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

12.12.2022 12:47 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. 

Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Поддршката се однесува на : 

-корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, 
-корисниците  на посебен додаток, 
-корисниците на  правото на надоместок заради попреченост, 
-корисниците на надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и 
-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. 

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

Продолжуваме да се грижиме за сите граѓани, со акцент на најранливите.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk