Започна изборната кампања

21.11.2016 16:11 | KumanovoNews

Во Македонија денеска започна изборната кампања за парламентарните избори што ќе се одржат на 11 декември.

Започна изборната кампања

Во изборната трка ќе учествуваат коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ, коалицијата на СДСМ, Коалицијата за промени и правда, коалицијата „ВМРО за Македонија„, коалицијата  Алијанса за Албанците, како и партиите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

ВМРО-ДПМНЕ традиционално кампањата ќе ја започне со митинг во Охрид, СДСМ во Прилеп, ДУИ од Липково и ДПА во Студеничани. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ утревечер е во Охрид.

Во втората изборна единица носителот на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, денеска на прес конференција ја претстави изборната програма за Куманово и Старо Нагоричане, а носителот на листата на коалицијата на СДСМ Оливер Спасовски кампањата ја започнува од Скопска чаршија.

Кампањата завршува на 9. декември на полноќ, 24 часа пред изборите.

Право на глас на изборите имаат 1.770 736 гласачи запишани во Единствениот избирачки список.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk