Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Агенцијата за млади и спорт започна со изградба на тениски терени во Куманово.
Игралиштата ќе бидат на површина од 3300 метри квадратни и се наоѓаат веднаш до спортската сала Куманово.
„Ова е дел од проектот на Владата 100 териски терени во државата. Се работи на изградба на двa двојни тениски терени или 4 игралишта. Еден терен е со површина од 40x40 метри. Едното треба да биде завршено за 5 месеци, а другото за 10 месеци. Инвестицијата чини 19.200.000 денари, - информираат од Агенцијата за млади и спорт.
Тениските терени ќе ги имаат сите карактеристики потребни за одигрување на меѓународни тениски натпревари - осветлување, пристапни патеки, жичана ограда и најсовремена подлога по сите стандарди.
Со изградбата на тениските терени и пуштање во употреба на затворениот и отворен базен, Куманово ќе добие најсовремен спортскиот комплекс. Од општината Куманово најавуваат и хортикултурно уредување со фонатани, споменици и амфитеатар со што целосно ќе се уреди и оплемени тој дел на градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk