Започна кампањата “Твоето незнаење чини живот”

16.07.2019 11:33 | KumanovoNews

Општинската организација на Црвен крст Куманово, од вчера и официјално се вклучи во кампањата под мотото "Твоето незнаење чини живот", која има за цел да им помогне не граѓаните, правилно да укажат прва помош во случај на несреќа.

Започна кампањата “Твоето незнаење чини живот”

Кампањата ќе трае до 15 септември, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст, меѓу кои и во Куманово и ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи.

„По направените анализи заклучивме дека во голем број случаи граѓаните, а пред се возачите, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа.  Целта на кампањата е подигање на свеста за значењето од правилно укажување на првата помош со што би се спречиле поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи “, - соопштуваат од Црвен крст Куманово.

Црвен крст Куманово ги поканува заинтересираните возачи за обуката, да се обратат во просториите на Општинската организација на Црвен крст Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk