Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мотото „Безбедно дете - за безбедна и сигурна иднина“, започна кампањата за безбедност на децата во сообраќајот, која ја реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБС).
Кампањата се спроведува секој септември, со цел да се укаже на сообраќајниот метеж и опасностите коишто ги демнат децата.
Со почетокот на учебната година, наша заедничка обврска е да ги потсетиме и да ги научиме децата на најважните правила и прописи во сообраќајот, како се поминува улица или крстосница, како се поминува на семафор, кој е најкраткиот и најбезбедниот пат од дома до училиште и обратно, - соопштуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта .
Целта на кампањата е и да се насочи вниманието на возачите и надлежните институции кон имплементација на мерки и активности за поголема безбедност на децата во сообраќајот.
Во рамките на кампањата ќе бидат реализирани голем број на сообраќајно едукативни настани за деца, предавања, обуки за прва помош, обуки за безбедно движење во околината на училиштето, ќе бидат изработени голем број на едукативни материјали за деца- боенки, сообраќајна лектира, училишен прибор со едукативна содржина.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk