Започна курсот за филм во ФКК “Козјак“

10.12.2013 16:03 | KumanovoNews

Фото Кино Клуб „Козјак“ секој четврток организира курс за филм. Курсот се состои од теоретски и практичен дел.

Започна курсот за филм во ФКК “Козјак“

Декември и јануари ќе имаме теорија, а во февруари ќе имаме вежби. Учесниците на курсот ќе научат што е сценарио, режија, костимографија, актерски вештини, сценографија и слично. Курсот трае 4 месеци и по завршувањето учесниците ќе добијат сертификати - вели Мартин Давитковски, еден од предавачите.

Ваков курс ФКК “Козјак“ реализира почнувајќи од 2010 година.

                                                 (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk