Започна ликовната колонија „Грација - ИАН 2024“

21.05.2024 11:57 | KumanovoNews

Од вчера започна третиот Меѓународниот сликарски конак „Грација - ИАН 2024“, кој ќе трае до 26 мај, во комплексот „Грација“ во Куманово.

Започна ликовната колонија „Грација - ИАН 2024“

На колонијата ќе учествуваат 10 сликари од земјата и регионот, како и Укарина, Турција, Азербејџан.

Меѓу учесниците се Весна Антониќ од Србија, Татјана Диденко од Украина, Мајпекер Јонсел од Турција, Асмар Нариманбекова од  Азербејџан, Здравка и Владимир Николов од Бугарија, како и домашните автори Лара Ташковска, Христина Стојчевска, Боро Арсовски и Зоран Јакимовски. Почесен гостин ќе биде Васко Ташковски.

На конакот учество ќе земат и ученици од ликовни студија од Куманово, Скопје и Врање.

Кординарот и уметнички раководител на колонијата е Мики Трендафиловски, а го организира Влајко Стојчевски и ресторан „Грација“. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk