Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во комплексот Грација започна 14. Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2016“.
Учество ќе земат 16 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија.
„ За жал нема можност да сликаат во манастирот Карпино, бидејќи знаеме дека конаците се во лоша состојба и прераснавме во урбана колонија. Затоа ќе биде збогатена со други содржини, како што е драмска и музичка вечер, изложба на уметничка фотографија. Како и минатите години и оваа уметниците ќе ја посетат поставката на стари икони во црквата “Св. Никола„ во Куманово, манастирот Карпино, црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане и меморијалниот центар АСНОМ, - вели Мирослав Величковски, уметнички раководител на колонијата.
Се очекува уметниците да создадат 40-тина дела во повеќе техники.Организатори на изложбата е мултимедијалниот центар Карпино со подршка на општината Куманово. Досега поминале над 200 учесници на колонијата и оставиле уште толку дела. Колонијата ќе трае до 14 септември.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk