Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, годинава по 46. пат се одржува една од најстарите ликовни колонии во државата – „Куманово 2019“.
Колонијата започнува денеска, а ќе трае до 14 август, за кога е предвидено и свеченото затворање со изложба на делата.
На Меѓународната ликовна колонија ќе учествуваат четиринаесет уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Романија.
Уметниците ќе работат на слободна тема во различни ликовни техники. За време на својот престој, учесниците ќе имаат можност да посетат неколку културно историски знаменитости на Куманово, мегалитската опсерваторија Кокино и црквата „Св.Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане.
Ликовната колонија постои од 1974 година, а ја организира Општина Куманово и НУ Музеј Куманово, под покровителство на Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk