Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во приватната високообразовна установа за бизнис студии "Еуро Колеџ" во Куманово, денеска се одржа првиот час за 16. генерација на студенти во новата академска година 2019/20 година.
На студентите им се обрати деканот Љубиша Петрушевски, кој им посака успешни студии и им се заблагодари што се дел од нивната институција, која пружа квалитетно и светски признаено образование за секој млад и амбициозен човек.
„Веќе три години сме партнери со Британскиот државен универзитет „Лондон Метрополитен“. Да бидеш партнер со Универзитет којшто е врвот во образованието не ја покажува само нашата моќ, туку и моќта на нашето образование. Така што, се надеваме дека ќе ги заинтересираме нашите студенти и студентите од странство, за запишување на нашите студии. Се обидуваме да направиме нешто ново, а оваа соработка ќе придонесе и за подобрување на пазарот на трудот но, и за подобрување на квалитетот на образованието воопшто. Во тааа насока, имаме поддршка и од Владата на Република Северна Македонија и од Министерството за образование“,- вели Љубиша Петрушевски, декан на „Еуро Колеџ“ во Куманово.
Тој додава дека кон крајот на декември, во соработка со Британскиот државен универзитет „Лондон Метрополитен", ќе биде отворен Центар во Скопје, каде ќе се изучуваат студии од областа на информатичката технологија и тоа: сајбер безбедност, дигитална форензика и вештачка интелигенција.
„Со отворање на овие студии студентите ќе можат да студираат во земјава, затоа што универзитетот "Лондон Метрополитен" е универзитет кој ја има најголемата лабораторија за сајбер безбедност во Европа, како и Центарот за вештачка интелигенција“, - вели Петрушевски.
Од јануари 2020 година, студиите на овој универзитет ќе се одвиваат на англиски јазик, а студентите ќе се здобијат со двојна диплома.
„Еуро Колеџ" од 2011 година преку Центарот во Дубаи остварува соработка со студентите од Азија, а од оваа година, професорите од „Еуро Колеџ“ се насочени кон студентите од Бангладеш, Саудиска Арабија и Турција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk